ЈАКНЕ МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТКА/ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА МЕЃУСЕБНА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ МАКЕДОНСКИОТ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ И ПОЛИЦИСКИОТ СИНДИКАТ ОД РОМАНИЈА ЕУРОПОЛ

ЈАКНЕ МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТКА/ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА МЕЃУСЕБНА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ МАКЕДОНСКИОТ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ И ПОЛИЦИСКИОТ СИНДИКАТ ОД РОМАНИЈА ЕУРОПОЛ

Почитувани,
ни преставува особено задоволство да Ве информираме дека оваа вечер во Охрид,на маргините на престојните СИС на МПС, Претседателот на Македонскиот полициски синдикат г-дин Златко Цветковски официјално го потпиша Меморандумот за меѓусебна соработка со неговиот колега,Претседателот Cosmin Andreica на Романскиот Полициски синдикат/European Police Trade Union EUROPOL.

Ова преставува почеток на официјална билатерална синдикална соработка помеѓу полициски синдикати.

Очекувањата од оваа меѓусебна соработка взаемно се големи,особено поради фактот што членовите на двете синдикални организации ги мачат заеднички проблеми карактеристични за овој регион во кој делуваат овие два синдикати.

Со меморандумот се предвидуваат активностите на единствените реперезентативни полициски синдикати во двете држави на полето за аплицирање на проекти за добивање средства за спроведување на активности пред соодветни институции и фондации кога тоа е од интерес на своето членство, како и давање на секаков вид на меѓусебна помош и подршка во случаите кога ќе имаат проблеми поради своите синдикални идеи,активности и планови.

Со цел запознавање со при потпишувањето на Меморандумот погледнете ги сликите во продолжение

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *