ИЗВРШНОТО БИРО НА МАКЕДОНСКИОТ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ НА ТЕРЕН МЕЃУ КОЛЕГИТЕ

ИЗВРШНОТО БИРО НА МАКЕДОНСКИОТ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ НА ТЕРЕН МЕЃУ КОЛЕГИТЕ

Денес 08.09.2019 година членовите на Извршното биро на Македонскиот полициски синдикат ( Киро Трајковски и Зоран Кузмановски) реализираа уште една од своите програмски активности во рамките на синдикалното делување и присутност помеѓу членството со цел јакнење на работниот морал и согледување на условите за работа.

Имено денес по повод 8’ми Септември денот на независноста ги посетија своите членови од ЕОП-ПЕП кои извршуваа редовни работни задачи -обезбедување на КПУ затвор Скопје, каде при дирекрен и непосреден разговор со своите членови изворно се запознаа со проблемите со кој тие секојдневно се соочуваат.

При посетата во касарната Ѓорче Петров во Скопје членовите на Извршното биро на Македонскиот полициски синдикат за време на средбата во органзиација на Македонскиот полициски синдикат во чест на големиот празник имаа убава можност во еден конструктивен дијалог и пријатна празнична атмосфера да ги сослушаат забелешките, барањата, проблемите, секојдневните потреби и предлози од своите членови припадници на ЕОП-ПЕП.

Во текот на денот членовите на Извршното биро на Македонскиот полициски синдикат посетија и неколку ПС од ОН и РЦ Север на територијата на Град Скопје каде исто така на дежурните колеги им беа пренесени честитките од раководството на МПС по повод 8’ми Септември Денот на Независноста.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *