ЧЕСТИТ ИЛИНДЕН

ЧЕСТИТ ИЛИНДЕН

Македонскиот полициски синдикат на сите свои членови и вработени во Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за разузнавање и Управата за финансиска полиција им го честита големиот национален празник “ИЛИНДЕН”.

Прославувањето на овој празник претставува почит кон стремежот и идеалите на генерациите пред нас, преточени во нивната борба за слободна и независна држава , чествувајќи го нивното дело, но и носејќи ја одговорноста за продолжување на борбата за градење на просперитетна, демократска и европска држава🇲🇰🇲🇰

Почитувани,
членови на Македонскиот Полициски Синдикат Ви посакуваме го овој голем празник да го минете во празнична атмосфера..

На нашите колеги кои овој ден се работно ангажирани им посакуваме мирна и среќна работа.. Чувствувајте се гордо бидејќи Вие лично придонесувате за мирот и благосостобата во нашата земја.

ЧЕСТИТ ИЛИНДЕН!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *