МЕМОРИЈАЛЕН ТУРНИР ВО ЧЕСТ НА ЗАГИНАТИТЕ БРАНИТЕЛИ ОД КРИВА ПАЛАНКА

МЕМОРИЈАЛЕН ТУРНИР ВО ЧЕСТ НА ЗАГИНАТИТЕ БРАНИТЕЛИ ОД КРИВА ПАЛАНКА

Денеска со полагање свежо цвеќе на спомен-обележјето на бранителите од Крива Паланка Момир Стојановски, Јане Јакимовски и Горан Стојановски, делегацијата на Македонскиот полициски синдикат
предводена од Помошниците на генералниот секретар на МПС, Зоран Кузмановски и Борче Грујовски, им оддаде почит на загинатите колеги.

Во чест на бранителите, во спортската сала „Бранители 2001“ во Крива Паланка се одржува и меморијален турнир во мал фудбал во организација на Полициската станица од Крива Паланка и Македонскиот полициски синдикат.

На отварањето на турнирот во својот говор Помошник генерален секретар Зоран Кузмановски поздравувајќи ги присутните во името на раководството Македонскиот полициски синдикат меѓу другото истакна:

“Ова се моменти кога со длабока тага се сеќаваме на нашите херои.
Во името на над 8250 членови на МПС и во мое лично име сакам да ја споделам нашата благодарноста кон нивното дело која секогаш ќе биде премала во споредба со нивната саможртва втемелена во иднината на својата татковина.
Свесни сме и знаеме дека сите ние никогаш целосно не можеме да им се оддолжиме на луѓето кои ги дадоа своите животи во зачувувањето на територијалниот интегритет на нашата земја.. Но, можеме и мораме да им оддадеме почит и засекогаш да се сеќаваме.

Нашето традиционално присуство овде како преставници на Македонскиот полициски синдикат денес, е најголема потврда дека нашите загинати колеги
не се и никогаш нема да бидат заборавени.

Како синдикат паметиме и ќе направиме сѐ што е потребно, генерациите што доаѓаат по нас со достојна почит да се сеќаваат на храброста на припадниците на безбедоносните сили на Република Северна Македонија кои ги положија животите во одбрана на својата татковина..”




Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *