Летување во Охрид, Крани и Пониква преку МПС

Ве известуваме дека во периодот од 29.06.2019 година до 31.08.2019 година со образец-“Барање доставено Комисијата за одмор и рекреација при Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија ќе можете да престојувате во објектите на министерството во Охрид, Крани и Пониква.

Поради пропорционално искористување на капацитетите, се нудат смени во траење од 10 и од 7 дена, а заинтерсираните лица адолжително треба да наведат во кој од термиите сакаат да престојуваат.

Смените се со следниот распоред :

1.Смени од 10 дена
– 01.07 до 11.07.2019 г. -01.08 до 11.08.2019 г.
– 11.07 до 21.07.2019 г. -11.08 до 21.08.2019 г.
– 21.07 до 31.07.2019 г. -21.08 до 31.08.2019 г.

2.Смени од 07дена
– 29.06. до 0607.2019 г -27.07. до 03.08.2019 г.
– 06.07 до 13.07.2019 г -03.08 до 10.08.2019 г.
– 13.07 до 20.07.2019 г. -10.08 до 17.08.2019 г.
– 20.07 до 27.07.2019 г. -17.08 до 24.08.2019 г.
24.08 до 31.08.2019 г
Пред и по горенаведениот период заинтересираните вработени можат да се јават дирекно кај раководителите на објектите:
ОХРИД = 91 – 25 046 – 277-313 / 070 – 342-842 – Горјан
ПОНИКВА = 033– 800-188 / 071 – 368-820 – Јордан
КРАНИ = 84 – 21 047 – 483-247 / 076 – 365-430 – Љупчо

Услуги: ОХРИД / ПОНИКВА за МВР Редовни КРАНИ Деца
ПАНСИОН 996 1.206 891 599
ПОЛУПАНСИОН 849 1.059 775 499
НОЌЕВАЊЕ /појадок 691 901 691 403

Цените се крајни со пресметан ДДВ и туристичка такса за лице во двокреветна соба, за користење на еднокреветна соба цената се зголемува за околу 30 %.
Плаќањето може да биде на 6 (шест) рати со задршка на плата.
Пријавувањето се врши исклучиво на образец Барање кое можете да го најдете на www.mps.mk кое се доставува до Комисијата за одмор при МВР најдоцна до 15.06.2019 година преку службена пошта или во кутијата поставена до банкоматите во зградата 5 во МВР.
Лицатаа кои нема да бидат наведени во ваучерот изготвен од Комисијата нема да бидат примени во одморалиштата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *