МАКЕДОНСКИОТ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ НА СВОИТЕ ЧЛЕНОВИ ИМ ГО ЧЕСТИТА 7-ми МАЈ – Денот на полицијата на Република Северна Македонија.

МАКЕДОНСКИОТ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ НА СВОИТЕ ЧЛЕНОВИ ИМ ГО ЧЕСТИТА 7-ми МАЈ – Денот на полицијата на Република Северна Македонија.

Почитувани,
сите ние припадниците на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, денес кога го прославуваме овој голем празник за нас треба да бидеме свесни за нашата света обврска, да му служиме и да го штитиме сопствениот народ, сопствената држава,притоа максимално посветувајќи се да ја гарантираме нејзината стабилност и безбзбедност.

Почитувани колеги, години наназат покажавме дека сме на висина на задачата, покажавме и докажавме дека постои и волја и знаење и капацитет како да се справиме со најтешките ситуации.

Вечно ќе ги паметиме хероите кои ги загубија своите животи бранејќи ја Република Северна Македонија, а истите треба да ни бидат пример за сите нас како бескомпромисно се штити Уставот и законите на Република Северна Македонија.

Нека ни е честит 7-ми мај – Денот на полицијата на Република Северна Македонија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *