Панел дебата на тема: ЈАКНЕЊЕ НА КРИВИЧНО-ПРАВНАТА И ПРЕКРШОЧНАТА ЗАШТИТА НА ОВЛАСТЕНИТЕ СЛУЖБЕНИ ЛИЦА

Панел дебата на тема: ЈАКНЕЊЕ НА КРИВИЧНО-ПРАВНАТА И ПРЕКРШОЧНАТА ЗАШТИТА НА
ОВЛАСТЕНИТЕ СЛУЖБЕНИ ЛИЦА

Почитувани,

Македонскиот полициски синдикат во партнерство со Фондацијата Фридрих Еберт-канцеларија Скопје организира панел дискусија на тема „Јакнење на кривично-правната и прекршочната заштита на овластените службени лица, со посебен акцент на кривичните дела и прeкршоци сторени против полициските службеници“.
Целта на панел дискусијата е да се дискутираат и истакнат сите сегменти поврзани со можноста и потребата од јакнењето на кривично-правната и прекршочната заштитата на овластените службени лица, со посебен акцент на полициските службеници, да се иницира јавна дебата на оваа тема, предложат мерки и превземат активности насочени кон подигнување на јавното мислење за потребата од ефективна правна заштита на оваа категорија вработени, нормативно доуредување, заострување на предвидените санкции и пропишување нови дела, се во насока за подигнување на нивниот дигнитет и углед а со тоа дигнитетот и угледот на државата.
Панел дискусијата која ќе се одржи во четврток, на 11.04.2019 година a свое учество како панeлисти се најавени :

Г-дин Оливер Спасовски,Министер за внатрешни работи;
-Ханс Венгенмеир, Совет на европските полициски синдикати;
-Маргарита Цаца Николовска, Институт за човекови права;
-Д-р Марјан Кицев, Генерален Секретар на Македонски полициски синдикат;
-Серкан Озкан, мисија на ОБСЕ;
-Д-р Никола Дујовски, Декан на Факултет за безбедност УКЛО;
-Д-р Тодор Витларов, Виш Јавен обвинител, Претседател на Здружение на Јавни обвинители;
-Јовица Стојановиќ, Управа за извршување на санкциите;
-Д-р Џемали Саити, Судија на Врховен суд , Претседател на Здружение на Судии на РСМ
Со панел дискусијата ќе модерира новинарката Кристина Атовска.

На панел дебатата се поканети да присуствуваат домашни и меѓународни експерти, професори и претставници од институциите кои се занимаваат со темата, синдикални лидери од земјта и Советот на Европски полициски синдикати, слушатели и потенцијални говорници на полициските синдикати од соседните земји ,невладините организации, вработени во министерството за внатрешни работи и други.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *