Повик за менторирани лица (менторини) за учество во Менторска програма

Повик за менторирани лица (менторини)
за учество во Менторска програма

За програмата:Програмата за развој на полицијата при Мисијата на ОБСЕ во Скопје во соработка со Секцијата на жени при Македонскиот Полициски Синдикат спроведува проект за јакнење на родовата еднаквост во органите за спроведување на законот.
Во рамките на проектот предвидено е да се спроведе Менторска програма наменета за жените вработени во МВР (членки на МПС), која има за цел да ги зголеми нивните можности за личен и професионален развој во МВР и особено во Полицијата. Програмата е насочена кон создавање на концепт на меѓусебна поддршка на жените во МВР, преку споделување на знаење, искуство, јакнење на солидарноста, промоција на добри примери, умрежување и јакнење на жените.

За таа цел потребно е да се идентификуваат 50 потенцијални менторирани лица (во понатамошниот текст ќе се користи терминот: менторини), жени со работно искуство во МВР од 0 до 5 години, кои би сакале да добијат помош и водство од своите искусни колешки, кои во рамките на Менторинг програмата се селектирани во улога на менторки.

Програмата вклучува: обуки за менторините, градење на односот менторка-менторина и нивна меѓусебна работа, заеднички настани и споделување на искуства.
Во таа насока избраните идни менторини во текот на 2019 ќе посетат еднодневна обука за родова еднаквост на работно место и дводневна обука за комуникација и значењето на менторингот. Секоја избрана менторина ќе биде споена со менторка (колешка со повеќе од 10 години работно искуство и изграден кредибилитет во МВР) од најблиското работно опкружување и тие ќе продолжат да го градат и одржуваат односот менторка-менторина во текот на целата година, како и да посетуваат настани и обуки организирани во рамките на програмата.

Програмата се базира исклучиво на концептот на волонтерски ангажман и личен ентузијазам на менторките и менторините, а нивната посветеност и подготвеност се клучен фактор за успех на менторскиот однос, како и на програмата. Менторините нема да добијат паричен надомест за својот ангажман во рамките на овој проект.

Рок: Конкурсот за селекција на менторини ќе трае од 01.02.2019 – 25.02.2019 и ќе биде спроведен во координација со Секцијата на жени при Македонскиот Полициски Синдикат.

Потребни документи: Менторините треба да ги достават следниве три документи (во електронски формат):
– Пополнет формуларот за апликација
– Писмо за мотивација

Начин и критериуми за селекција: Првичната селекцијата на кандидатки ќе биде направена од страна на Секцијата на жени при МПС на следниов начин:

– По 5 кандидатки од секое СВР (8 х 5 = 40)
– По 3 кандидатки од секој РЦГР (4 х 3 = 12)
– МВР – 10 кандидатки

Кандидатките треба да ги задоволуваат следниве критериуми:
– Да се членки на МПС
– Да имаат желба волонтерски да се ангажираат во програмата
– Да се високо мотивирани активно да се вклучат во сите активности
– Предност да се даде на полициските службенички од униформираниот дел на полицијата
– Да има соодветна етничка застапеност во вкупниот број на предложените кандидатки

Секцијата на жени при Македонскиот Полициски Синдикат ќе ги испрати апликации до Мисијата на ОБСЕ во Скопје, која во соработка со МПС – Секција на жени, ќе го направи финалниот избор на 50 кандидатки вреднувајќи ги апликациите и мотивациските писма на кандидатките.

Лице за контакт: Хризантема Рендевска, Претседател на Секцијата на жени при МПС , тел.контакт 075 479-033; h_rendevska@mps.mk, Hrizantema_Rendevska@moi.gov.mk

Апликациите да се достават на официјалниот меил: mps@mps.mk

pismo_za_aplikacija_i_motivacija_mentorinii

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *