Повик за менторки за учество во Менторска програма

Повик за менторки
за учество во Менторска програма

За програмата: Програмата за развој на полицијата при Мисијата на ОБСЕ во Скопје во соработка со Секцијата на жени при Македонскиот Полициски Синдикат спроведува проект за јакнење на родовата еднаквост во органите за спроведување на законот.
Во рамките на проектот предвидено е да се спроведе Менторска програма наменета за жените вработени во МВР(членки на МПС), која има за цел да ги зголеми нивните можности за личен и професионален развој во МВР и особено во Полицијата. Програмата е насочена кон создавање на концепт на меѓусебна поддршка на жените во МВР, преку споделување на знаење, искуство, јакнење на солидарноста, промоција на добри примери, умрежување и јакнење на жените.

За таа цел потребно е да се идентификуваат 25 менторки, жени со долгогодишна успешна кариера во МВР, професионални и стручни во својата работа, но воедно и почитувани во своето работни опкружување, со изграден кредибилитет меѓу своите колеги, колешки и претпоставени, кои би сакале да го споделат своето искуство и знаење со млади, штотуку вработени колешки.

Програмата вклучува: обуки за менторки, обуки за менторирани (во понатамошниот текст ќе се користи терминот: менторини), градење на односот менторка-менторина и нивна меѓусебна работа, заеднички настани и споделување на искуства.
Во таа насока избраните идни менторки во текот на 2019 ќе посетат еднодневна обука за родова еднаквост на работно место и дводневна обука за менторство. Во 2019 ќе започнат да работат со една до две млади колешки (менторини) од нивното најблиско работно опкружување и ќе продолжат да посетуваат настани и обуки организирани во рамките на програмата.

Програмата се базира исклучиво на концептот на волонтерски ангажман и личен ентузијазам на менторките и менторините, а нивната посветеност и подготвеност се клучен фактор за успех на менторскиот однос, како и на програмата. Менторките нема да добијат паричен надомест за својот ангажман во рамките на овој проект.

Рок: Конкурсот за селекција на менторки е отворен од 1-ви февруари до 25-ти февруари и ќе биде спроведен во координација со Секцијата на жени при Македонскиот Полициски Синдикат.

Потребни документи: Менторките треба да ги достават следниве три документи (во електронски формат):
– Пополнет формуларот за апликација
– Писмо за мотивација
– Работна биографија (CV)

Начин и критериуми за селекција: Првичната селекцијата во која ќе бидат избрани 62-70 кандидатки ќе биде направена од страна на Секцијата на жени при МПС на следниов начин:
– По 5 кандидатки од секое СВР (8 х 5 = 40)
– По 3 кандидатки од секој РЦГР (4 х 3 = 12)
– МВР – 10 кандидатки

Кандидатките треба да ги задоволуваат следниве критериуми:
– Повеќе од 10 години работен стаж
– Високо образование
– Да имаат репутација на вредни и чесни работници
– Во своето работно опкружување да се почитувани од своите колеги и колешки, вклучувајќи ги и претпоставените
– Да имаат добри комуникациски вештини
– Да имаат желба волонтерски да се ангажираат во програмата
– Предност да се даде на полициските службенички од униформираниот дел на полицијата
– Да има соодветна етничка застапеност во вкупниот број на предложените кандидатки
– Да се членки на МПС

Секцијата на жени при Македонскиот Полициски Синдикат ќе испрати 62-70 апликации до Мисијата на ОБСЕ во Скопје која во соработка со МПС – Секција на жени, ќе го направи финалниот избор на 25 кандидатки, вреднувајќи ги Мотивациските писма и Работните биографии на кандидатките.

Лице за контакт: Хризантема Рендевска, Претседател на Секцијата на жени при МПС , тел.контакт 075 479-033; h_rendevska@mps.mk, Hrizantema_Rendevska@moi.gov.mk

Апликациите да се достават на официјалниот меил: mps@mps.mk

aplikacija_mentorki
pismo_za_motivacija_mentorki
rabotna_biografija_mentorki

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *