ОТПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА НАБАВКИ ВО МАКЕДОНСКИОТ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ ЗА 2019 ГОДИНА

ОТПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА НАБАВКИ ВО МАКЕДОНСКИОТ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ
ЗА 2019 ГОДИНА

Почитувани членови на Македонскиот полициски синдикат,
Ве известуваме дека согласно годишниот план за набавки на Македонскиот полициски синдикат, Претседателството на Македонскиот полициски синдикат на својата седница одржана на 14.01.2019 година донесе Одлука број 03-1199/1 од 16.10.2018 година со која, во согласност со Правилникот за начинот и постапката за набавки во Македонскиот полициски синдикат, за реализација на постапката за набавка ја задолжува Комисијата за набавки на Македонскиот полициски синдикат да се ангажира за учество на што е можно поголем број понудувачи за реализација на следните набавки:
1.Избор на фирма коминтент со која МПС ќе потпише рамковен договор за набавка на Регистратор Форнакс А4-80 , Високо Каро, Коректор, Коректори Бланко флуид , Мемо 75*75 , Спојувалки Иглици , Папка А4 , Фотокопирна Хартија А4 бела и во боја, Плик Б5, Пенкала, канцелариска галантерија,Визит картици, Хевталици, Маркери,Меморандуми(црно-бели и во боја), Обрасци на МПС (црно-бели и во боја),Репрезентативен материјал со логото на МПС (Чаши, Украсни кеси, УСБ и друго) и останати канцелариски матерјали потребни за секојдневно канцелариско работење, како и тонери за принтер и останати потрошни материјали за сервисирање принтери.
2.Избор на фирма коминтент со која МПС ќе потпише рамковен договор за набавка на прехрамбени продукти, кондиторски продукти, пијалоци, средства за лична хигиена, средства за тековно одржување и санација на канцелариите на МПС како и други производи од сличен асортиман.
3.Избор на фирма коминтент со која МПС ќе потпише рамковен договор за одржување и сервис на седум комјутери (хардвер и софтвер), за изработка на страната на МПС, за тековно одржување на страната на МПС.
4.Избор на фирма коминтент со која МПС ќе потпише рамковен договор за набавка на Патнички осигурувања за членовите на делегациите од МПС кои ке патуваат надвор од РМ.
5Избор на фирма коминтент со која МПС ќе потпише рамковен договор за набавка на пехари со логото на МПС, медаљи со логото на МПС, плакети со логото на МПС, амблеми на МПС со поголема димензија, привезоци со логото на МПС и други производи од сличен асортиман.
6.Избор на фирма коминтент со која МПС ќе потпише рамковен договор за редовен сервис, тековно поравки на дефекти, набавка на делови и други потрошни сретства за ПМВ во сопственост на МПС.
7.Избор на фирма коминтент со која МПС ќе потпише рамковен договор за за вулканизерски услуги, центрирање на предница и задница, набавка на гуми, чување на гуми и други слични услуги за ПМВ во сопственост на МПС
8.
Избор на фирма коминтент со која МПС ќе потпише рамковен договор за за итна и брза достава на пратки за потребите на МПС.
Согласно наведеното Комисијата за набавки на Македонскиот полициски синдикат изготви одделни барања за собирање на понуди за сите погоре наведени производи (кои ги објавуваме во продолжение), а се со цел прибирање на повеќе понуди, од кои Комисијата за набавки на Македонскиот полициски синдикат ќе ја избере најповолната понуда по принципот најквалитетна понуда по најповолна цена.
Овие барања од страна на Комисијата за набавки на Македонскиот полициски синдикат веќе се доставени на официјалните на интернет адреси на фирмите кои се коминтенти на Македонскиот полициски синдикат.
Исто така, барањата се доставени и до сите членови на VIBER групата на Македонскиот полициски синдикат и официјалната FACEBOOK група со цел информирање на што повеќе членови, а со тоа и прибирање на повеќе понуди.

Со почит,
Комисија за набавки на Македонскиот полициски синдикат


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *