ЦЕНТРАЛНИОТ СОВЕТ НА МАКЕДОНСКИОТ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ ВО НОВ СОСТАВ ЈА ОДРЖА СВОЈАТА ПРВА СЕДНИЦА

ЦЕНТРАЛНИОТ СОВЕТ НА МАКЕДОНСКИОТ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ ВО НОВ СОСТАВ ЈА ОДРЖА СВОЈАТА ПРВА СЕДНИЦА

Централниот Совет на Македонскиот полициски сидникат денес 23.12.2018 година во одморалиштето на МВР во Охрид ја одржа својата прва редовна седница.
Во рамки на актите коишто се однесуваат на работењето на Македонскиот полициски сидникат за следната година, Советот ги разгледа и ги усвои Извештај на Надзорниот одбор за периодот 5,6,7 и 8 месец 2018 година, беа разгледани и донесени измени и дополнувања на Статутот на МПС, измени и дополнувања на Правилникот за избори во МПС, измени и дополнувања на Правилникот за исплата на трошоци за дневници, превоз, други видови трошоци и надоместоци, измени и дополнувања на Правилникот за финансирање и финансиско работење на ОО и Советите на МПС и измени и дополнувања на Правилникот за солидарен фонд.
Понатаму беше разгледан планот за набавки во МПС во 2019 година и извештајот за работа на комисијата за набавки за 2018 година, како и извештај за работата на комисијата за соработка со коминтенти.
На денешната седница, Централниот Совет го усвои годишниот извештај за работа на Претседателството на МПС во 2018 година и го донесе Буџет за работа на МПС во 2019, како и програмата за работа на Македонскиот полициски сидникат за 2019 година, која што содржи детален преглед на планираните активности за претстојната 2019 година.
Беше донесена одлука за дополнување на составот на Надзорниот одбор на Македонскиот полициски синдикат, како и беа распишани избори за местата во Органите и телата на МПС кои во изминатиов период поради разни причини се упразнети.На седницата беа наградени истакнати членови на МПС кои во изминатата дадоа особен придонес за јакнење на капацитетите на МПС.
Исто така сакаме да напоменеме дека пред одржувањето на Централниот совет своја седници одржа и Претседателсвото на МПС како и Секциите за жени и млади при МПС.
На денешната седница, Централниот Совет присуствуваше и Министерот за внатрешни работи на Република Македонија, г-дин Оливер Спасовски придружуван од неколку други претставници од највисокото раководство на МВР на РМ.
Министерот во своето обраќање ги запозна присутните за активностите кои ги има Министерството за внатрешни рабоити на полето за подобрувањето на статусот и условите на работа, на вработените,за активностите околку набавка на униформи за полициските службеници, за проектот за санација и реконструкција на објектите во кои што тие работат и ги извршуваат своите работни задачи како и реализираното зголемувањето на платите на униформираните полициски службници како и тоа дека за наредната 2019 година предвидени се нови 70 милиони денари за реновирање на полициските станици,за набавка на нови униформи нови околу 200 милиони денари, како и тоа дека во буџетот се предвидени средства за зголемување на платите за пет проценти.
На состанокот од страна на присутните кон Министерот беа поставени неколку суштински прашања во делот на Граничната полиција, специјалните единици на МВР, униформата, возилата, прекувремените часови, задолжителните лекарски прегледи, пензионирањето и др.
Одговарајќи на прашањата на крајот од неговото излагање изјави дека раководството на Министерството за внатрешни работи се стреми кон цели што треба повторно да и ја вратат улогата и местото на полицијата во едно модерно, демократско и слободно општество, да го вратат нејзиното реноме и достоинство.
Почитувани Македонскиот полициски синдикат како до сега така и во иднина продолжува да врши редовно и транспарентно информирање на своето членство секоја прилика ќе го информира своето членство за својата работа преку веб страната и Facebook страната на Македонскиот полициски сидникат.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *