МАКЕДОНСКИ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА

МАКЕДОНСКИ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА

Почитувани,
Би сакале да Ве информираме дека Македонскиот полициски синдикат на 19.11.2018 година во Скопје, одржа Вонреден конгрес.

Имено, согледувајќи ги состојбите во повеќе области на делување,кои настанаа со заминувањето на досегашниот Претседател на МПС г – дин Ацо Антовски во пензија, органите и телата на МПС одлучија дека е потребно да се одржи Вонреден конгрес на кој ќе се избере ново раководство на МПС со нов Претседател,кое во иднина ќе работи на реформирање и унапредување на работата на Македонскиот полициски синдикат.
На Вонредниот конгрес согласно правните акти на МПС се пристапи кон избор на нов Претседател на МПС и членови на Претседателството на МПС, при што од вкупно присутните 111 делегати на Вонредниот Конгрес на МПС ( 06 делегати беа отсутни) со 102 гласови ЗА и 09 ПРОТИВ за Претседател на Макединскиот полициски синдикат е избран членот на МПС г–дин ЗЛАТКО ЦВЕТКОВСКИ со листа на кандидат за генерален секретар д-р МАРЈАН КИЦЕВ, заменик генерален секретар г – дин ВУЛНЕТ ПОЦЕСТА и членови на претседателството со мандат до одржувањето на следниот редовен Конгрес на МПС кои синдикално ќе ги покриваат сите региони во државата.

Со почит

Македонски полициски синдикат

Соопштението во прилог:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *