ОТПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА НАБАВКИ ВО МАКЕДОНСКИОТ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ

ЗАПОЧНУВААТ 15 – ТЕ СПОРТСКИ ИГРИ И СРЕДБИ НА ЧЛЕНОВИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ

Почитувани членови на Македонскиот полициски синдикат,
Ве известуваме дека согласно годишниот план за набавки на Македонскиот полициски синдикат, Извршното Биро на Претседателството на Македонскиот полициски синдикат на својата седница одржана на 16.10.2018 година донесе Одлука број 03-1199/1 од 16.10.2018 година со која, во согласност со Правилникот за начинот и постапката за набавки во Македонскиот полициски синдикат, за реализација на постапката за набавка ја задолжува Комисијата за набавки на Македонскиот полициски синдикат да се ангажира за учество на што е можно поголем број понудувачи за реализација на следните набавки:
1. ПОДАРОК за сите жени членови на Македонскиот полициски синдикат;
2. НОВОГОДИШНО ПАКЕТЧЕ за децата на членовите на Македонскиот полициски синдикат;
3. НОВОГОДИШЕН ПОДАРОК за сите членови на Македонскиот полициски синдикат;
4. Пригоден подарок – рачен часовник за членовите на Македонскиот полициски синдикат кои заминале во пензија и
5. НОВОГОДИШЕН ПОДАРОК за членовите на Македонскиот полициски синдикат во вид на кожен паричник – службена легитимација и членска карта на Македонскиот полициски синдикат.
Согласно наведеното Комисијата за набавки на Македонскиот полициски синдикат изготви одделни барања за собирање на понуди за сите погоре наведени производи (кои ги објавуваме во продолжение), а се со цел прибирање на повеќе понуди, од кои Комисијата за набавки на Македонскиот полициски синдикат ќе ја избере најповолната понуда по принципот најквалитетна понуда по најповолна цена.
Овие барања од страна на Комисијата за набавки на Македонскиот полициски синдикат веќе се доставени на официјалните на интернет адреси на фирмите кои се коминтенти на Македонскиот полициски синдикат.
Исто така, барањата се доставени и до сите членови на VIBER групата на Македонскиот полициски синдикат и официјалната FACEBOOK група со цел информирање на што повеќе членови, а со тоа и прибирање на повеќе понуди.
Со почит,

Комисија за набавки на Македонскиот полициски синдикат





Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *