ОДРЖАНИ 15 -TE СИНДИКАЛНИ ИГРИ И СРЕДБИ НА ЧЛЕНОВИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ

ОДРЖАНИ 15-TE СИНДИКАЛНИ ИГРИ И СРЕДБИ НА ЧЛЕНОВИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ

Почитувани членови на Македонскиот полициски синдикат!

Како што и најавивме, еве и оваа година по 15 – ти пат се одржаа Спортските игри средби на членовите на Македонскиот полициски синдикат.

И оваа година спортските игри средби се одржаа во градот Охрид во периодот од 14 до 15 септември 2018 година, во сместувачките и спортските капацитети на Одморалиштето на МВР на РМ, хотелот „ПЕЛА“ и Спортскиот комплекс „АКВАЛИНА“.

Разликата од досегашните спортски игри и средби е во тоа што оваа година Македонскиот полициски синдикат ги отвори вратите на игрите за поголем број на учесници. Имено оваа година, на 15 – те Спортски игри и средби учествува околу 550 членови, домашни и странски гости на МПС, што е зголемување на бројот на учесници за повеќе од 100 % од изминатите години, при тоа трошоците за нивна реализација останаа на исто ниво како и претходно.

Сегашното раководство на Македонскиот полициски синдикат работи исклучиво по барањата на своето членство, а едно од таквите барања е и отворање на вратите на игрите за повеќе членови на Македонскиот полициски синдикат. Би напоменале дека овогодинешниот концепт беше динамичен и шаренолик, односно имаше учесници кои престојуваа во градот Охрид, но и учесници кои беа еднодневни учесници на игрите. Дружбата беше шаренолика, по различни вкусови, со надеж дека одговори на барањата на сите членови независно од нивната возраст.

Намерата на сегашното раководство е овој концепт да се развива и унапредува и во иднина, со намера секоја година да имаме повеќе и повеќе учесници на игрите и средбите, што би значело дека во иднина нема да постои член на Македонскиот полициски синдикат кој немал можност да учествува на овие дружења, бидејќи ваквите настани го зголемуваат синдикалниот капацитет и довербата кон Македонскиот полициски синдикат, а се унапредува и комуникацијата помеѓу членовите од целата држава.

Би напоменале дека игрите и средбите ги отвори Заменик министерот за внатрешни работи г-дин Агим Нухиу, а на чинот на отворањето беше присутен и Градоначалникот на Охрид г-дин Јован Стојаноски.

На овогодинешните спортски игри и средби присуствуваа и наши синдикални сестри и браќа од 9 пријателски синдикати од 7 држави.

Битно е да се одбележи е и фактот дека овој настан беше искористен да се потпише и Меморандумот за соработка помеѓу Македонскиот полициски синдикат и ИПА – Македонија, кој меморандум преставува основ за поголема соработка помеѓу овие две различни организации.

Што се однесува до спортскиот дел од средбите и игрите, Ве информираме дека се одржаа натпревари во следниве дисциплини: пикадо, стрелање со воздушна пушка, табла, атлетика, шах, баскет, одбојка и мал фудбал.

За најдобри во овие дисциплини се покажаа следните наши членови:
1. Пикадо
– Прво место: Лепа Миовска – Совет на МПС „Штип“
– Второ место: Тања Петрова – Совет на МПС „Скопје 2“
– Трето место: Силвана Драганова – Совет на МПС „РЦ за ГР Север“
2. Стрелање со воздушна пушка
Жени
– Прво место: Даниела Думановска – Совет на МПС „Куманово“
– Второ место: Катерина Митровска – Совет на МПС „Штип“
– Трето место: Оливера Василевска – Совет на МПС „УБК“
Мажи
– Прво место: Александар Стојановски – Совет на МПС „Скопје 1“
– Второ место: Велибор Балоски – Совет на МПС „Охрид“
– Трето место: Ристо Георгиевски – Совет на МПС „МВР“
3. Табла
– Прво место: Горан Гелев – Совет на МПС „Велес“
– Второ место: Перо Верушевски – Совет на МПС „РЦ за ГР Заапад“
– Трето место: Оливер Дукадиновски – Совет на МПС „Скопје 1“
4. Атлетика
– Прво место: Мартина Николовска – Совет на МПС „Битола“
– Второ место: Христина Бојковска – Совет на МПС „Куманово“
– Трето место: Симона Дукоска – Совет на МПС „Охрид“
5. Шах
– Прво место: Агим Шемшија – Совет на МПС „Куманово“
– Второ место: Константин Кајмакоски – Совет на МПС „Охрид“
– Трето место: Виктор Златановски – Совет на МПС „Скопје 2“
6. Баскет
– Прво место: Совет на МПС „Тетово“
– Второ место: Совет на МПС „РЦ за ГР Југ“
– Трето место: Совет на МПС „Струмица“
– Најдобар играч во баскет во женска конкуренција е прогласена Иринка Петровска од Советот на МПС „РЦ за ГР Југ“, а во најдобар играч во баскет во машка конкуренција е прогласен Перо Пецаноски од Советот на МПС „Тетово“.
7. Одбојка
– Прво место: Совет на МПС „Скопје 1“
– Второ место: Совет на МПС „Битола“
– Трето место: Совет на МПС „Велес“
– Најдобар играч во одбојка во женска конкуренција е прогласена Ванеса Колашинац од Советот на МПС „Битола“, а во најдобар играч во одбојка во машка конкуренција е прогласен Љупчо Узуновски од Советот на МПС „Скопје 1“.
8. Мал фудбал
– Прво место: Совет на МПС „Тетово“
– Второ место: Совет на МПС „Струмица“
– Трето место: Совет на МПС „ЦПС“
– Најдобар играч во мал фудбал е прогласен Александар Димитријески од Советот на МПС „Тетово“.

Почитувани!

Се надеваме дека овие игри и средби ги исполнија очекувањата на најголемиот број присутни и се надеваме дека во следните години ќе организираме уште поголеми и уште подобри синдикални игри и средби и на други локации во државата.

Зошто да не, нели?

Голем синдикален поздрав.

« 1 на 2 »

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *