ЗАПОЧНУВААТ 15 – ТЕ СПОРТСКИ ИГРИ И СРЕДБИ НА ЧЛЕНОВИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ

ЗАПОЧНУВААТ 15 – ТЕ СПОРТСКИ ИГРИ И СРЕДБИ НА ЧЛЕНОВИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ

Почитувани членови!
Задоволство ни е да Ве информираме дека и оваа година Македонскиот полициски синдикат ќе ги организира и одржи 15 – те Спортски игри и средби на членовите на Македонскиот полициски синдикат.
Сегашното раководство на Македонскиот полициски синдикат има за цел да ги спроведе барањата на своето членство, па така оваа година спортските игри и средби ќе бидат со поинаков концепт на организација, кој се надеваме дека ќе биде позитивно прифатен од мнозинството членови и истиот во наредните години ќе биде развиван и надградуван.
Имено, оваа година сакаме да промовираме дружење помеѓу членовите, негување на синдикалните принципи и вредности, спортски активности и фер плеј, толеранција и почитување на различностите. Програмата на игрите им дава можност на сите наши членови да се дружат и да уживаат во спортските активности кои ќе бидат организирани. За првпат оваа година сите учесници на спортските игри и средби нема да бидат исклучиво активни спортисти, туку ќе бидат и наши членови кои имаат желба синдикално да се дружат.
Би напоменале дека оваа година се одржаа четири регионални натпреварувања помеѓу спортистите – членови на Македонскиот полициски синдикат и беа опфатени околу 800 спортисти – членови, при што најдобрите од регионите се пласираа на завршницата на спортските игри и средби.
Во продолжение запознајте се со програмата на 15 – те Спортски игри и средби на членовите на Македонскиот полициски синдикат:
14.09.2018 година
– Свечено отворање на игрите – 14,00 часот
– Отпочнување со спортските активности (мал фудбал, стрит баскет, одбојка, атлетика, стрелаштво, пикадо, шах и табла) – 15,30 часот
– Синдикална дружба помеѓу спортистите – 20,00 часот
15.09.2018 година
– Продолжување со спортските активности – 11,00 часот
– Доаѓање на синдикалните членови (не спортисти) и отпочнување на синдикалниот хепенинг (забава на плажа и во објект со ди џеј и рокен рол бенд) – 12,00 часот
– Свечено затворање на игрите, доделување на медали, пехари и награди и огномет – 20,00 часот
– Продолжување на синдикалниот хепенинг (забава на плажа и во објект со поп и народна музика) 21,00 часот
Напоменуваме дека за сите учесници (спортисти, не спортисти, гости) ќе биде обезбедено храна, пијалак и автобуски превоз до Охрид и назад до местата на живеење.

Рути на движење:
1. Берово, Делчево, Виница, Кочани, Штип, Клучка Свети Николе до Охрид и обратно (Совети на МПС „Штип“ и „РЦ за ГР Исток“ – дел)
2. Струмица, Неготино, Кавадарци до Охрид и обратно
(Совети на МПС „Струмица“, „Велес“ – дел и „РЦ за ГР Југ“)
3. Крива Паланка, Куманово, Тетово, Гостивар, Кичево до Охрид и обратно
(Совети на МПС „Куманово“, „Тетово“ – дел, „Охрид“, „РЦ за ГР Запад“ – дел, „РЦ за ГР Север“ – дел и „РЦ за ГР Исток“ – дел)
4. Велес, Прилеп, Битола, Ресен до Охрид и обратно
(Совети на МПС „Велес“ и „Битола“)
5. Скопје, Тетово, Гостивар, Кичево до Охрид и обратно
(Совети на МПС „Тетово“ – дел, „МВР“, „БЈБ“, „ЦПС“, „УБК“ и „АР“)
6. Скопје до Охрид и обратно
(Совети на МПС „Скопје“ и „РЦ за ГР Свер“ – дел)
Македонскиот полициски синдикат ги повикува сите заинтересирани да се обратат кај своите синдикални претставници, со цел навремено да се пријават за учество на спортските игри и средби.
За сите оние кои нема да успеат да влезат во овогодинешната определена квота на учесници, им порачуваме дека овој концепт во иднина ќе се развива и бројот на учесници ќе се зголемува, што ќе овозможи секој член на Македонскиот полициски синдикат да има можност да учествува на овие настани.
Среќни 15 – ти Спортски игри и средби на членовите на Македонскиот полициски синдикат!!!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *