ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА ВО ВРСКА СО ПРОЦЕСОТ ЗА УСОГЛАСУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ

ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА ВО ВРСКА СО ПРОЦЕСОТ ЗА УСОГЛАСУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ

Почитувани членови на Македонскиот полициски синдикат;
Ве известуваме дека во врска со нашето укажување до сите релевантни институции за продолжување и успешно завршување на процесот на усогласување на платите на вработените во МВР на РМ и Агенцијата за разузнавање со платите на вработените во сродните служби во државата и опкружувањето, во текот на вчерашниот ден (вторник 07.08.2018 година), од страна на Владата на Република Македонија до Македонскиот полициски синдикат е доставен допис со кој не известуваат дека нашето укажување е проследено до надлежното Министерство за финансии, односно до Министерот Драган Тевдовски, за натамошно надлежно постапување со барање Министерството за финансии писмено да се произнесе и одговори на Македонскиот полициски синдикат.
Македонскиот полициски синдикат искрено се надева дека Владата на Република Македонија, односно ресорното Министерство за финансии крајно сериозно ќе го разгледа нашето укажување и при проектирање на Буџетот на Република Македонија за 2019 година ќе предвиди дополнителни средства потребни за продолжување на процесот на усогласување на платите на вработените во МВР на РМ и Агенцијата за разузнавање со платите на вработените во сродните служби во државата и опкружувањето.
Уште еднаш го повикуваме целокупното наше членство и воопшто сите вработени во МВР на РМ и Агенцијата за разузнавање да ни ја дадат потребната синдикална доверба и поддршка со цел заеднички да истраеме во нашето барање и успешно да го реализираме.
Во продолжение погледнете го текстот од дописот од Владата на Република Македонија интегрално:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *