ПРОДОЛЖУВААТ АКТИВНОСТИТЕ ЗА УСОГЛАСУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ

ПРОДОЛЖУВААТ АКТИВНОСТИТЕ ЗА УСОГЛАСУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ

Почитувани членови на Македонскиот полициски синдикат;
Како што веќе знаете една од главните определби и задачи на нашиот синдикат е продолжување и успешно завршување на процесот на усогласување на платите на вработените во МВР на РМ и Агенцијата за разузнавање со платите на вработените во сродните служби во државата и опкружувањето.
Сведоци сте дека овој процес, по успешно завршени преговори иницирани од МПС, отпочна во МВР на РМ и на вработените во два наврати им беа исплатени по плус 5% на нивните плати. Исто така, овој процес отпочна и во Агенцијата за разузнавање со исплата на плус 10% на платите на нивните вработени.
Поради веќе познати причини (политичка криза во државата, нова влада итн.) овој процес е во прекин и сеуште не е исплатени останатите два пати по 5% на вработените во МВР на РМ и Агенцијата за разузнавање.
Овој застој не значи дека процесот нема да биде реализиран и дека Македонскиот полициски синдикат се откажал од негова целосна реализација.
Потврда за завршување на процесот е добиена и од страна на работодавачите.
Не смееме, а да не потсетиме дека Македонскиот полициски синдикат со почеток од декември 2018 година обезбеди зголемување на платите на основниот униформиран полициски кадар во просек од плус 5%, што ќе се согласите дека е голем синдикален успех од гледна точка дека ваквото зголемување на платите опфаќа над 4000 униформирани полициски службеници од основните нивоа на работници.
Со цел да бидете во тек со работа и намерите на Македонскиот полициски синдикат, Ве известуваме дека минатата недела се обративме до сите релевантни институции во државата, барајќи од истите при проектирање на Буџетот на РМ за 2019 година да бидат предвидени и дополнителни средства за продолжување на процесот на усогласување на платите на вработените во МВР на РМ и Агенцијата за разузнавање со платите на вработените во сродните служби во државата и опкружувањето.
Бидете сигурни дека ќе истраеме во нашите напори и заложби овој процес да го види својот завршеток, но секако за да бидеме посилни потребна ни е Вашата доверба и јавна поддршка во секој момент.
Во продолжение погледнете ги писмата испратени до сите релевантни институции:




Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *