ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЧЛЕНОВИТЕ КОИ ПРЕКУ МАКЕДОНСКИОТ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ КОРИСТАТ УСЛУГИ ОД МОБИЛНИОТ ОПЕРАТОРОТ „ВИП“

ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЧЛЕНОВИТЕ КОИ ПРЕКУ МАКЕДОНСКИОТ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ КОРИСТАТ УСЛУГИ ОД МОБИЛНИОТ ОПЕРАТОРОТ „ВИП“

Почитувани членови,

Сакаме да Ве потсетиме дека со цел успешно користење на услугите од Мобилниот оператор „ВИП“, како и поедноставна измена на тарифните модели по желба на нашите членови, Македонскиот полициски синдикат уште минатата година договори сите членови кои користат телефонски услуги од поранешниот Мобилен оператор „ОНЕ“ и од сегашниот Мобилен оператор „ВИП“ да можат да ги преземат телефонските линии во исклучиво лична сопственост преку Мобилниот оператор „ВИП“.
Ваквата можност за членовите на Македонскиот полициски синдикат важи до 25.02.2018 година, после кој датум сите кои нема да ги преземат телефонските линии во исклучиво лична сопственост ќе бидат исклучени.
Напоменуваме дека членовите на Македонскиот полициски синдикат преземањето можат да го направат во било кој салон на Мобилниот оператор „ВИП“ низ државата.
Ве информираме дека Македонскиот полициски синдикат договори поволни понуди кои важат исклучиво за нашите членови.
Во продолжение погледнете ги понудите:

Превземи цела понуда во PDF

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *