ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ЧЛЕНОВИТЕ НА МПС И ВРАБОТЕНИТЕ ВО МВР НА РМ И АГЕНЦИЈАТА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ

Почитувани членови на Македонскиот полициски синдикат и вработени во МВР на РМ и Агенцијата за разузнавање

Би сакале да Ве информираме дека раководството на Македонскиот полициски синдикат, како единствен репрезентативен синдикат, на 06.06.2017 година оствари работна средба со Министерот за внатрешни работи на Република Македонија.
На средбата се утврди меѓусебната подготвеност за понатамошен социјален дијалог на рамноправна основа за сите прашања и се отворија многу актуелни теми од значење за сите вработени во МВР на РМ.
За сите детали од средбата Македонскиот полициски синдикат во текот на утрешниот ден подетално ќе го информира своето членство и јавноста.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *