ДОНЕСЕНО РЕШЕНИЕ НА УСТАВНИОТ СУД НА РМ

ДОНЕСЕНО РЕШЕНИЕ НА УСТАВНИОТ СУД НА РМ

Македонскиот полициски синдикат сака да го информира своето членство и воопшто сите вработени во Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за разузнавање дека во пост конгресниот, во повеќе прилики, неосновано беше цел на напади од страна на Гранскиот независен синдикат на полицијата.
Со цел запознавање на членството и сите вработени во Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за разузнавање, како и отфрлање на еден од неоснованите напади, би сакале да информираме дека Уставниот суд на РМ донесе Решение со кое реши да НЕ СЕ ПОВЕДЕ постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 4 од Колективниот договор на МВР на РМ, склучен помеѓу Македонскиот полициски синдикат (единствен репрезентативен синдикат) и МВР на РМ (работодавач), а за што од страна на Гранскиот независен синдикат претходно беше поведена иницијатива пред Уставниот суд.
Како и претходно, но сега јавно, уште еднаш го повикуваме Гранскиот независен синдикат на полицијата на коректна синдикална работа, како и заедничка синдикална соработка за сите прашања од заеднички интерес на работниците, кои за МПС се единствена целна група.
Со цел целосно запознавање во продолжение го објавуваме Решението од Уставниот суд.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *