„Одржан Вонредниот конгрес и избран нов Претседател на МПС“

Одржан Вонредниот конгрес и избран нов Претседател на МПС

Почитувани членови на МАКЕДОНСКИОТ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ!

Би сакале да Ве информираме дека Македонскиот полициски синдикат на 28.02.2017 година во Скопје, одржа Вонреден конгрес.
Имено, согледувајќи ги состојбите во повеќе области на делување, органите и телата на МПС одлучија дека е потребно да се одржи Вонреден конгрес на кој ќе се избере ново раководство на МПС кое во иднина ќе работи на реформирање и унапредување на работата на Македонскиот полициски синдикат.
На Вонредниот конгрес беше констатирана претходно поднесената неотповиклива оставка на поранешниот претседател Тихомир Климоски, при што делегатите на конгресот извршија и разрешување на досегашното Претседателство на МПС.
Веднаш потоа согласно правните акти на МПС се пристапи кон избор на нов Претседател на МПС и членови на Претседателството на МПС, при што за нов Претседател на МПС е избран членот на МПС – г – дин АЦО АНТОВСКИ, за Генерален секретар на МПС е избран членот на МПС – г – дин ЗЛАТКО ЦВЕТКОВСКИ, за Заменик на генералниот секретар на МПС е избран членот на МПС – г – дин ВУЛНЕТ ПОЦЕСТА, како и избрани се сите претседатели на советите на МПС кои се членови на Претседателството на МПС и синдикално ќе ги покриваат сите региони во државата.
Исто така битно е да се напомене дека Вонредниот конгрес избра и нови членови на Надзорниот одбор, кој во иднина ќе врши надзор над финансиското работење на МПС, како и членови на Статутарната комисија кои во иднина ќе имаат задача да го следат правилното спроведување на Статутот на МПС и потребите од негово прилагодување.
Со цел успешно реформско работење, Вонредниот конгрес, усвои и нов Статут на МПС во кој се имплементирани сите укажувања и препораки од членството и кој е подготвуван во духот на демократијата и правните процедури, односно преку јавна расправа низ регионите во државата, расправа во органите и телата, за да на крајот истиот низ амандманска постапка биде усвоен од Вонредниот конгрес.
Како битни постулати на новиот статут би ги напоменале:
– Намалување на членарината од 1% на 0,80% од платата на членот;
– Изготвување на буџет на МПС во транспарентна постапка низ органите и телата;
– Непосредно избирање од страна на членството на нивните претставници – претседатели на основни организации;
– Избор на другите претставници на органите и телата на МПС во постапка нормирана во правен акт, при тоа црпејќи го нивниот легитимитет од непосредно избраните претставници на членството;
– Поделба на должностите на органите и телата (кој за што одлучува);
– Мандат на органите и телата на МПС на 4 години, како и ограничување на правото на избор на највисоките функции во синдикатот на најмногу два пати;
– Утврдување на Централниот совет на МПС за единствен нормативен орган;
– Независни и функционални секции.
Ги повикуваме сите членови на новите органи и тела на МПС во иднина да го дадат својот максимум во работата, при тоа почитувајќи ги синдикалните начела утврдени во Статутот на МПС, бидејќи највисоката цел на Македонскиот полициски синдикат е подобрување и унапредување на правата на членовите на МПС, но и на сите вработени во МВР на РМ и Агенцијата за разузнавање, како и зголемување на членството на нашиот репрезентативен синдикат.

Македонски полициски синдикат

Галерија:

1_img
2_img
3_img
4_img
5_img
6_img

One thought on “„Одржан Вонредниот конгрес и избран нов Претседател на МПС“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *