ДОНЕСЕНИ НОВИТЕ ПОДЗАКОНСКИ АКТИ ЗА УНИФОРМАТА

ДОНЕСЕНИ НОВИТЕ ПОДЗАКОНСКИ АКТИ ЗА УНИФОРМАТА

Почитувани членови на Македонскиот полициски синдикат!
Задоволство ни е да Ве информираме дека нашите заложби за современо уредување на прашањето кое ги засега униформираните полициски службеници, а тоа е прашањето околу униформата и ознаките на полицијата, конечно вродија со плод.
Имено, на 06.09.2016 година во Службен весник на Република Македонија број 169, објавени беа Уредбата за униформата и ознаките на униформата на полицијата, како и Правилникот за носењето, времето на траење и распределбата на униформата и ознаките на униформата на полицијата, кои акти се директен плод на заложбите на Македонскиот полициски синдикат за современо, ефективно решавање на оваа важна сфера. Како најзначајно прашање кое е регулирано со нормите на овие два нови подзаконски акти, е тоа дека се напушта досегашниот традиционален систем на распределба на униформата исклучиво според претходно определеното време на траење на секој дел на униформата поединечно и се воведува еден нов комбиниран систем, составен од т.н. „ваучер систем“ и традиционалниот систем поврзан со рокот на траење на деловите од униформата. Со овој нов комбиниран систем, секој униформиран полициски службеник ќе може во одреден дел и сам да управува со колку парчиња од одредени делови од униформата ќе располага во определен момент, во согласност со своите лични потреби. Покрај оваа новост во новите акти предвидени се уште неколку современи решенија, за кои сметаме дека ја подобрат состојбата во однос на ова прашање.

Untitled attachment 00019

Но сепак, со цел подобро да се запознаете со новите акти, Ве упатуваме детално да ги разгледате истите, при што Ве известуваме дека за многу кратко време актите ќе можете да ги најдете на нашата веб страна во делот „норматива“, а исто така и во некој следен број на нашето гласило „МПС – Инфо“ со сигурност ќе се осврнеме на оваа сфера со разработка на истата.

One thought on “ДОНЕСЕНИ НОВИТЕ ПОДЗАКОНСКИ АКТИ ЗА УНИФОРМАТА

  1. почитувани преставници на МПС ме интересира во кој дел од службениот весник бр 169 од 6 ти септември е опишана работната облека ( униформа на вработените во крим техника поздрав

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *