РАБОТЕН СОСТАНОК СО ПОМОШНИК МИНИСТЕР ЗА ДИСЦИПЛИНСКИ И СУДСКИ ПОСТАПКИ

Денес (28.11.2023 година), делегација на МПС во состав Претседател на МПС д-р Марјан Кицев и Генерален секретар на МПС Зоран Кузманоски остварија работна средба со Помошник министер за дисциплински и судски постапки г-дин Љубиша Ристевски.

На средбата беше разговарано за теми поврзани со правата на вработените кои произлегуваат од работен однос, со посебен акцент на улогата на преставникот на МПС при водењето на дисциплинските постапки како и останати теми кои го покриват синдикалното работење.

Како заеднички заклучок од состанокот беше дека унапредување на правата и подобрување на условите за работа на работниците може да се постигне единствено преку отворен дијалог помеѓу синдикатот и работодавачот.

На средбата, Претседателот Кицев на Помошникот Ристевски му додели плакета за долгогодишно пријателство, поддршка и успешна соработка во унапредувањето на синдикализмот и синдикалното движење во Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија.

Со почит

Македонски полициски синдикат

Претседател

д-р Марјан Кицев