Македонски Полициски Синдикат

Д-р Марјан Кицев

Претседател на Македонски полициски синдикат

За Македонски полициски синдикат

Македонскиот полициски синдикат од своето основање егзистира и функционира како синдикална организација на вработените во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, Агенцијата за разузнавање и Управата за финансиска полиција. Имено, основачкото собрание на нашиот синдикат е одржано на 29 мај 1992 година, а на 03 февруари 1993 година извршено е запишувањето во регистарот на општествените организации како „Независен синдикат на вработените во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија“. Нешто подоцна, на својот редовен конгрес, почитувајќи ја желбата на мнозинството членови, го променивме своето име во „Македонски полициски синдикат“.

На 28 декември 1994 година, по скоро двегодишно докажување, примени сме како рамноправен член во рамките на Сојузот на синдикатите на Македонија каде и ден денес делуваме. Во рамките на сојузот важиме за еден од најорганизираните и најголемите гранкови синдикати по однос на процентуалниот износ на бројот на членови во однос на бројот на вработените.

0
Членови
0
Коминтенти
0
Години постоење
0
Вкупно членови